Обврски
Прво на нотар, а потоа пред матичар

Пред матичарот се заколнуваат на вечна љубов, а пред судот потпишуваат предбрачни договори поради зачестените измами и изневерени очекувања

Предбрачни договори најчесто потпишуваат добро ситуирани бизнисмени, спортисти и пејачи. Иако бројот на предбрачните договори, според неофицијалната адвокатска статистика изнесува стотина во последните години, младите брачни двоји сé почесто пред свадбата прво го посетуваат нотарот

Повеќе...
 

КАЛЕНДАР НА ПОДГОТОВКИ ПРЕД СВАДБЕНАТА ВЕСЕЛБА

За почеток

• Определето го точниот датум на венчавката – свадбата,

• За датумот на венчавката известете ги родителите,

• Донесете ја одлуката за кумовите, секако известете ги за тоа,

• Контактирајте ја агенцијата за организирање на венчавки „ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА“,

• Договорете се во кој стил сакате да се венчате,

• Направете проценката на финансиските трошоци и

• Најавете ја венчавката на нашиот веб сајт www.svadbainfo.mk .

 

До 6 месеци порано
• Подгответе ги потребните документи за венчавтата кај матичарот и крштеницата доколку сакате да се венчате и во црква,

• Известете ги кумовите за потребните докумнети кои трреба да ги поседуваат при венчавката,

• Направете список на роднини и пријатели кои планирате да ги поканите на венчавката – свадбата,

• Резервирајте ресторан – сала за свадбената веселба, договорете ја декорацијата на салата, проверете дали ресторанот има соработка со некоја музичка група, или пак изберете си по сопствена желба,

• Во случај да не знаете да играте и танцувате посетувајте соодветен курс за  игри и танцување,

• Изберете си дестинација за меден месец, обезбедете си отсуство од работа, резервирајте хотел и билети за превозот, како и правовремено поднесете апликација за виза доколку патувате во држава каде што е потребна.

 

До 4 месеци порано
• Закажете ја венчавката кај матичарот, потсетете се за свадбените обичаи, направете план на случувањата на денот на венчавката (прием на гостите, одење по невестата, во општина, во црква, во ресторант, фрлање на бидермаерот, сечење на тортата.....)

• Извршете проверка направениот список на гости, доколку има потреба извршете корекции и сочинете го конечниот список на гости,

• Изберете покани, составете го текстот, извршете нивно штампање, врачете ги лично или по пошта,

• Изберете и нарачајте венчаница, одело, долен веш, обувки, бурми, накит, свеќи и платно за венчавка во црква, цвеќиња за бидермаерот (обичај кај нас е кондурите за невестата да ги купи деверот, платната за во црква да ги обезбедат комовите и старосватовите, а бидермаерот го плаќа кумот),

• Изберете го музичкиот состав и типот на музика која ќе се свири на венчавката. Во случај да имате потреба и од друг вид на музика, направте го изборот на песните, а можете да ангажирате уште еден бенд,

• Договорете фотографирање и снимање на свадбената церемонија со нашиот професионален тим на „ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА“, како и договор со агенцијата за изнајмување на лимузини, во случај да ги користите нејзините услуги,

• Направете список на агажирани лица со нивните обврски кои се вклучени во подготовките на венчавката – свадбата, со цел да ја имате целосната контрола врз подготовките.

 

До 2 месеца порано

• Со ресторанот договорете го менито, изберете свадбена торта,

• Изберете и купете ја венчаницата, оделото, обувките, долниот веш .........,

• Со музиката договорете го репертоарот и сценариото на случувањата,

• Со фото и видео продукцијата договорете го времето и местата на фотографирање – снимање,

• Контактирајте ги гостите кои Ви доаѓаат од други градови (пречекувањето, сместувањето и заминувањето).

 

2 до 3 недели порано

• Направете ја листата и шемата на седење во ресторанот во потребен број на примероци кои ќе бидат поставени на видно место на влезот во салата како и на самата маса (по можност ангажирајте некого за упатување на гостите кон своите места во ресторанот),

• Земете ги нарачаните бурми, договорете се со фризерот и шминкерот за времето и местото на фризирање – шминкање,

• Потврдете ги закажаните термини кај матичарот и во црква и проверете ги подготвените документи,

• Ако одите на меден месец проверете ја хотелската резервација и билетите. Направете го списокот на потребни работи за патување, соберете ги информациите за временската прогноза....

• Разгазете ги обувките со што ќе си го олесните движењето за време на играњето и танцувањето.

 

1 недела порано
• Со помош на списокот на агажирани лица и обврски за венчавката – свадбата, проверете уште кои обврски не се целосно реализирани,

• Направете конечен список на анагажираноста на лицата околу свадбената церемонија (кој ги кити сватовити и автомобилите, кој ги пречекува и врши распоред на гостите, како ќе се движи колоната на автомобили до сите места, каде ќе се оди после венчавката - свадбата.......),

• Направете конечен список на гостите кои го потврдиле нивното присуство и направете ги конечните списоци за седење,

• Почнете да се пакувате за медениот месец.

 

Ден пред венчавката

• Подгответе си ги облеката и обувките. Ако има потреба од пресоблекување за време на свадбената веселба, понесете резервна облека, земете со себе конец, игла и некоја ситница за прва помош,

• Подговтете ги документите за матичната служба и црквата, и секако, ако има можност легнете си порано.

• Подгответе пари за китењето, дарувањето од најблиските, кршење на вратата, музичарите...

 

Денот на Венчавката

• Добро појадувајте,

• Посетете го салонот за убавина – фризер и шминкерот,

• Направете ја фото сесијата со фотографот,

• Уживајте на своето венчавање и свадбена веселба, бидејќи вложивте голем напор во организација на свеченоста. Во случај да има некои отстапувања од предвидениот план, не се грижете. Со вас се сите ваши драги роднини и пријатели кои Ве сакаат и тогаш ништо не може да го расипе вашиот најубав ден во животот.

 


  • Свадба инфо