Еврејски сфаќања за бракот и свадбени обичаи

Според еврејското сфаќање, бракот претставува идеален човечки однос и се смета за основна општествена институција, која ја востановил Бог во процесот на создавањето на светот. За јудеизмот бракот е света институција.

Со церемонијата на венчавањето се основа ново семејство. Иако подготовките за венчавањето предизвикуваат кај младоженците извесна исплашеност, многу е поедноставно да се биде подготвен за самиот чин на венчавање, отколку за бракот. Полесно е да се достигне физичка зрелост и економска самостојност, отколку емотивна зрелост и психичка подготвеност, кои се неопходни при склучувањето на бракот.

Повеќе...
 
Македонски обичаи

Свадба со музиканти во 20-тите години на 20 векОбично девојките се мажеле со помош на наводаџии.  Многу важна улога на самата свадба играле кумот и деверот. Деверот ги “плаќал” чевлите на невестата во нејзиниот дом кога ја земале за венчавање. Таа пред него ги пробувала и велела дека не и се точни, а деверот ги земал, ги вртел трипати во рака, божем не и влегуваат и откако ќе ги “плател”, односно ќе ги наполнел со пари, таа ги облекува. Побогатите семејства до црквата на венчавка оделе со пајтон, а посиромашните пешки. На чело на колоната до црквата оделе свирачи.

 

Повеќе...
 
Влашки обичаи

Порано, влашката свадба се правела повеќе денови, во куќата на младоженецот и невестата. Обичајот бил, најпрвин да се сретнат родителите или пак роднините на младоженецот и невестата (најчесто на пазар) за да се договорат за денот кога треба да се даде збор, на кој присуствуваат најблиските од семејствата на младите. Потоа се правело веридба, на која биле поканувани најблиските роднини од двете страни, а веридбата се правела во куќата на невестата. Двете страни се договарале за денот на свадбата, а едно момче, (деверот) со пагур (шише со ракија, украсено со цвеќиња) одело од куќа на куќа и ги канело роднините, пријателите и соседите. Роднините се собирале кај младоженецот. Свекорот ги пречекувал гостите, а потоа започнувале со обичаите.

Повеќе...
 
Ромски обичаи

Ромската свадба се слави шест дена. На бракот претходи (нишан) нешто како веридба. Се носта дарови за снашката, се договара датумот за свадбата и миразот.

Понеделник: започнува Ромската свадба кај невестата со редење на миразот-невестински дар кој невестата рачно го изработува пред свадбатаСвадбата почнува во среда. Жена (кујуџика) оди од куќа на куќа и ги кани на кна (кога на снашката се става кна на главата, рацете и нозете) и на свадба. Кујуџиката гостите ги кани со бонбонче.

Повеќе...
 
  • Свадба инфо