Ромски обичаи

Ромската свадба се слави шест дена. На бракот претходи (нишан) нешто како веридба. Се носта дарови за снашката, се договара датумот за свадбата и миразот.

Понеделник: започнува Ромската свадба кај невестата со редење на миразот-невестински дар кој невестата рачно го изработува пред свадбатаПонеделник: започнува Ромската свадба кај невестата со редење на миразот-невестински дар кој невестата рачно го изработува пред свадбатаСвадбата почнува во среда. Жена (кујуџика) оди од куќа на куќа и ги кани на кна (кога на снашката се става кна на главата, рацете и нозете) и на свадба. Кујуџиката гостите ги кани со бонбонче.

Млади девојки плетат венче од цвеќе и ја китат капијата со него. Снашката во куќата на својот татко ги реди даровите кои претходно ги добила.

Во четврток е мала кна на која се канат само жени. Кната се става на косата на младата а свекрвата и носи дарови.

Во петок пристигнува музиката (оркестар). Маж од потесната фамилија со накитена ракија ги повикува гостите на свадбена вечера во недела навечер. Жените со младата снашка одат во Амам каде ја капат а после тоа се служи баклава.

Сабота е ден кога се оди на пазар по намирници. Попладне пристигнува музиката и се собират поклони. Ја облекуват снашката во шалвари со свилена кошула и елек. Челото и е украсено со бела боја и на него се лепи разни цветни украси. На струкот носи колан а на нозете папучи извезени од златна и сребрена срма. Попладне на свадбата кај младоженецот се игра Оро на свекрвата. Ова оро го играт исклучиво жени облечени во шалвари и елеци. Прва игра свекрвата а музиката се дарува со  многу пари.

Недела е ден кога се оди по снашката. Снашката е облечена во бела венчаница. Снашката излегува во присуство на својот брат на кого младоженецот симболично му дава пари. Во куќата на младоженецот прво влегува свекрвата која со себе носи сито во кое има леблебии, бонбони, жито и јаболко и го дава на младата. Ситото се фрла на кровот  на куќата и ако остане таму бракот ќе биде долготраен.

Во понеделник наутро кај младоженецот  се пали огин, музиката свири Невестинска песна за да ја разбуди снашката.

Ромски носии и ромски обичаи на редење на миразРомски носии и ромски обичаи на редење на мираз

Среда: се става кана на глава на невестатаСреда: се става кана на глава на невестата

Среда: свекрва ја кити невестата со алатен накитСреда: свекрва ја кити невестата со алатен накит

Сабота: традизионално ставање на кана на рацете и нозете на невестата со пара од машко детеСабота: традизионално ставање на кана на рацете и нозете на невестата со пара од машко дете

Недела: Обичаи на ставање кана на разе и нозе на невестатаНедела: Обичаи на ставање кана на разе и нозе на невестата

Недела: Обичај на кршење на погачаНедела: Обичај на кршење на погача

Недела: Шишање и бричење на младоженец насабајле пред да се оди по невестатаНедела: Шишање и бричење на младоженец насабајле пред да се оди по невестата

 
  • Свадба инфо