Веридба

За АРМАСУВАЊЕ, односно за ВЕРИДБАТА  по обичај се одело со стројници. Таткото на момчето одбираше кој ќе бидес тројникот, верувајќи дека добро избраниот стројник успешно ќе ја  заврши работата околу армасувањето. Стројникот одеше во куќата на таткото на девојката. Кога ќе стигнеше до портата тој тропаше. Домаќинот ја отвораше портата и му велеше: „Ајде влегувај и добредојде, пријателе!“Стројникот му одговараше: „Добре најдов, домаќине! “Потоа стројникот влегуваше во куќата и со бастум или со машата одеше право на огништето, кај огнот и го буричкаше огнот.

Со тоа стројникот ја силеше работата околу стројништвото. Потоа домаќинот го прашуваше стројникот. „Што се измачи во ова ноќно време? “Стројникот му одговараше: „Пријателе, имаш многу поздрав од фиљан чоек (и кажувајќи за каква намера е дојден додаваше) а бре, братко јас сумд ојден да бидамс тројник зат војата чупа. Стројникот за оваа работа одеше неколку пати дома кај домаќинот, сѐ додека не ја погодеа работата за армасување на момчето и девојката. Откако ќе дадеше согласност девојката (со дозвола на таткоѝ) стројникот се враќаше радосно кај момчето и му велеше: „Јас мојата работа си јаз авршив, сега ти што ќе таксаш за мене?“  Момчето му таксува на стројникот: „Талави чевли“, или кожувче. Потоа момчето приготвуваше, канта полна со ракија, босилок, цвеќе-џунџуле и мисурче полно со китени шарени шеќерчиња, сувогрозје, а во средината на мисурчето едно големо јаболко. Стројникот потоа со канта се враќаше кај девојката. Го покануваше сватот со ракија, а девојката со леблебии и јаболко. Девојката од своја страна преку стројникот му подаруваше на момчето чорапи. Со таквиот обичај и адет се завршуваше армасот кој траеше една до две години, односно сѐ до конечното закажување на свадбата

Веридбата денеска најчесто е интимен чин помеѓу двајца што се сакаат. Момчето пробува да ја побара за жена девојката на романтичен начин. Формалната веридба се одржува во куќата на младата.Тоа е прво запознавање на родителите на младоженците. Идниот младоженец со своето најтесно семејство и со кумот оди на гости кај невестата на свечен ручек или вечера. Тука меѓусебно се запознаваат сите, девојката добива прстен од момчето и од тој момент добиваат статус на вереник и вереница. Мајката на момчето ја дарува девојката, најчесто со злато, а идната невеста ги дарува мажите со кошула, а жените со материјал за фустан.

Потоа следи договор за свадбата, кога и каде ќе се одржи свадбената веселба, колку гости ќе сакаат да присуствуваат и каква музика ќе свири.

 
  • Свадба инфо