Најромантични дестинации за меден месец во Европа

Скоро сите луѓе, кога тргнуваат на патување со својата сакана особа, пред се имаат на ум некоја романтична дестинација. Тоа посебно важи за медениот месец.

Секако, под романтична дестинација се подразбира место покрај вода, ресторани со вкусна храна и добро вино. Доколку барате такви места во Европа, да погледнеме кои градови се најромантични на стариот континент.



1.     Париз, Франција


Иако звучи како клише, кога ќе го посетите Париз, веднаш ќе Ви биде јасно зошто главниот град на Франција важи за најромантичен град во Европа. Покрај убавите прошетки по неговите улици, секогаш добра опција е  крстарење по Сена или да се качите на Ајфеловата кула и да го гледате целиот град на дланка. Меѓутоа, она што е најпрепорачливо е да се качите на Монмартр и да порачате француски доручек во некој од рестораните од каде се пружа извонреден поглед на градот.


 

 

 

 

 

 

 

 


2.     Венеција, Италија


Со својата архитектура и таинствените тесни улички, Венеција е совршено место за заљубените парови. Задолжително е возењето со гондола, италијанските јадења на свеќи и секако прошетка на месечина низ Плаза Сан Марко. Романтиката е загарантирана.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


3.     Ница, Франција


Ница е вистинско космополитско место на француската ривиера. Комбинацијата на модерни ресторани и поглед на Азурниот брег е идеална за романтични моменти. Посебен впечаток на сето тоа даваат и пристаништето со бродови, галериите и музејот Матисе.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

4.     Будимпешта, Унгарија


Будим и Пешта, двете половини на унгарската престолнина поделена со преубавиот Дунав,  изобилуваат со тесни улички створени за романтични прошетки. Будимпешта е позната и како „источен Париз’’ каде  што не смеете да ја пропуштите шансата да го посетите романтичниот остров Маргарет.

 

 

 

 

 


5.     Крф, Грција


Крф е еден од најпознатите острови во Јонското море и навистина е волшебно место за заљубените парови. Островот е прошаран со бели куќички, византиски цркви и тврдини. Посебен печат на романтичното доживување даваат убавите поплочени  улички.

 

 

 
  • Свадба инфо