Трошоци за венчавка и свадба

Познато е дека трошоците за самата венчавка, а посебно за веселбата, односно целата свадба се многу големи, па така дел од младите заради оваа причина се откажуваат од ваков чекор.

 

 

Затоа, пред свадбата е навистина потребно да ги согледате сите трошоци кои Ве очекуваат и во склад со тоа да донесете одлука кој вид на прослава да го организирате.

Нејчесто свадбите се организираат во ресторан, при што цената се изразува според бројот на гостите и подразбира комплетно свадбено мени и неограничено пиење.

Кај нас цените започнуваат некаде од 15-ина евра по гостин. За музика отприлика би требало да одвоите од 500 евра, па нагоре, зависно од ангажманот и нивото на бендот, а за сето тоа да се овековечи, фотографирањето и снимањето може да ве чини од 200 евра и повеќе. Секако, тука е и венчаницата, за која треба да се обезбедат од 100-тина, па до 1000 евра, а и повеќе.  Значи, кога би претпоставиле дека ќе имате 100 гости на свадбата, минимумот на пари кои Ви се потребни, се отприлика 2000 евра, не вклучувајќи ги тука трошоците за припремите на истата, односно трошоците за бурмите, одело за младоженецот, покани, подароци за кумовите, гориво итн.

Секако, бројката од 100 гости е песимистички минимална, со оглед на тоа што само во најблиското семејство имате барем 30 роднини, на кои е потребно да ги додадете пријателите, колегите итн. Така, доколку сте решени да направите една традиционална свадба, која и нема да биде многу голема, сметајте дека буџетот ќе Ви бид епоприлично олеснет. Во зависнот од тоа колку од Вашите гости ќе се решат да ви подарат полно плико, дел од Вашите трошоци можеби ќе бидат покриени, но спомените секако ќе останат засекогаш.

 

 
  • Свадба инфо