Совети за здраво слабеење пред свадба

Знаеме дека секоја девојка од мали нозе сонува за својата свадба. Во тој сон секоја себеси се гледа како совршена невеста. Затоа, секоја невеста се труди да си ја дотера фогурата токму за овој ден, како би можела во венчаницата да изгледа совршено.

 

 

 

 

 

Најпрво треба да имате на ум дека со ова потребно е да стартувате на време, односно одреден период пред свадбата, како би имале очигледен ефект. Инстант диетата ќе Ви ја одземе енергијата за денот на венчавката и големи се шансите изгубените килограми да ги вратите многу брзо.


Еве неколку совети

 

За која диета да се решите, немојте да губите повеќе од еден килограм неделно.

Внимавајте составот на калориите да биде рамномерен, околу 45% сложени јаглени хидрати, 25% балковини и 30%  масти.

 

Единствен сигурен начин да остварите и задржите одредена тежина на телото е трајна измена на навиките во исхраната.

 

Брзите диети кои ветуваат резултати за кратко време не дава долгорочни резултати.

 

За да ја одржите тежината која сте ја достигнале со диета, следете ги овие упатства:

 

Хранете се здраво, со доволна количина хранливи продукти.

 

Бирајте храна со многу влакна како пто се црниот ориз, овошје, семки, зелечнук, интегрален леб, житарки и тестенини.

Конзумирајте храна со богати есенцијални масни киселини: сина риба, интегрални житарки, овошје итн.

Наместо еден или два големи оброци, јадете пет или повеќе помали во текот на денот.

Конзумирајте помалку масни јадења. Тоа вклучува путер, маргарин, полномасно млеко, павлака, сирење итн.

 

 

Физички вежби

Физичката активност е исклучително важна во секој проблем на слабеење и тоа од повеќе причини.Најбитната е што така се согоруваат голем број калории. Еден час вежбање согорува 200-400 калории, а метаболизмот останува забрзан уште 24-48 часа. Силната физичка активност допринесува и за добро расположение. Вежбајте 4-5 пати неделно по 30 минути.

 
  • Свадба инфо