За нас

ЗА ВЕБ-СТРАНАТА  www.svadbainfo.mk

Веб-страната www.svadbainfo.mk има за цел да им помогне на сите младоженци и на сите родители на младоженците кои сакаат да организираат венчавање и свадбена веселба. На веб-страната можете да најдете информации за сѐ што Ве интересира поврзано со свадбените обврски.

Веб-страната www.svadbainfo.mk постои и ја исполнува својата задача, благодарение на Вашите реклами и информации кои се поврзани со свадбените прослави.

Од посетителите на веб-страната и од корисниците на нашите услуги, очекуваме сугестии кои ќе ни помогнат во унапредувањето за поуспошна понатамошна работа.

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ,

ЗА АГЕНЦИЈАТА „ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА“

Самиот избор ние да се грижиме за Вашите најубави моменти е вистинскиот чекор кој можете да го направите, и со тоа многу да си го олесните повеќе-месечниот период пред стапувањето во брак со Вашата сакана личност.

Агенцијата ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА организира свадбени веселби на територијата на цела Македонија. Планирањето и реализирањето на свадбената веселба како што Вие сте ја замислиле и ја посакувате, е напорна и одговорна работа. Професионалниот тим на ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА се грижи и за најситните детали кои можат многу да Ви значат. Дозволете ни, во договор со Вас, да ги исполниме сите желби што ги имате.

Одредување на денот и терминот на стапувањето во брак во Матичната служба, венчавањето во Божји храм, фото и видео сесија, кетерингот во домовите, квалитетна музичка група или ди-џеј за убаво расположение, убаво украсен ентериер и цветен аранжман, помош при изборот на ресторанот и организирање на квалитетна услуга, професионално и квалитетно овековечување на целиот настан и многу други елементи кои можат да го збогатат и разубават Вашето расположение, но и расположението на Вашите најблиски.

„ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА“ Е ВАШ ПАРТНЕР КОЈ ВИ НЕДОСТАСУВА!

Главен и одговорен уредник - Стево Ристевски,

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ,

телефони: 00389 70 328 028, 00389 78 328 808,

Адреса на веб-страната  www.svadbainfo.mk, и на агенцијата за организирање на свадбени прослави  „ХЕПИ ПРОДУКЦИЈА“ е: ул. Демир Трајко бр. 82, 1000 Скопје, Р Македонија.

 
  • Свадба инфо